Description

физичко лице што има претрпено штета, вклучително и физичка, ментална или емоционална штета или економски губиток, директно причинети со извршување на кривично дело, но и членовите на семејството на лицето чија смрт е директно причинета со извршување на кривично дело и што претрпеле штета како резултат на смртта на тоа лице

Additional notes and information

Оваа дефиниција исто ги опфаќа и членовите на семејството на починатата жртва што претрпеле штета поради смртта на лицето што е директно причинета со извршување на кривично дело.

Во однос на насилството врз жените, поимот „жртва“ често се користи наизменично со поимот „преживеаната“. Сепак, поимот „жртва“ претрпе критики зашто на жените што биле изложени на родово базирано насилство им се одзема моќта на делување, особено на жртвите на силување. Затоа се сугерира да се користи терминот „преживеаната“. Сѐ уште се водат дебати поврзани со терминологијата.

И покрај актуелните дебати за поимите „жртва“ и „преживеана“, со цел да се постигне јасност и доследност, во сите дефиниции на Поимникот за родова еднаквост што се однесуваат на родово базираното наследство го користиме поимот „жртва“, бидејќи истиот поим се користи и во европските и во меѓународните извори.