Description

секое намерно однесување со кое сериозно се попречува психолошкиот интегритет на друго лице преку присила или закани. Статистичка дефиниција: секој чин со кој се нанесува психолошка штета на некој поединец. Психолошкото насилство може да се јави, на пример, во форма на присила, клевета, вербална навреда или вознемирување.

Additional notes and information

Негова значајна карактеристика е злоставувачкиот образец на однесување кој се јавува со текот на времето, внатре во семејството или надвор од него. Не само што влијае на менталното здравје на поединците и нивните контакти, туку ги лишува и од приликите за иден личен, социјален и економски развој. Како примери на психолошко насилство се јавуваат постапките како изолација од другите, вербални напади, закани, застрашување, контрола, вознемирување или демнење, навреди, понижување и клевета.