Description

принцип на меѓународното право што на земјите им дава мандат да постапуваат со должно внимание при превенцијата и водењето истраги за повреда на човековите права, при пружањето заштита за жртвите, казнувањето на сторителите и обезбедувањето надомест за жртвите на повреда на човековите права

Additional notes and information

Оваа обврска се проширува не само врз превенцијата на злоупотреби на човековите права од страна на државата или нејзините посредници, туку и на спречувањето на таквите повреди од страна на приватниот сектор или, што е особено важно за жените, од страна на приватните лица. Во минатото, земјите беа пасивни во случаи на повреда на човековите права на жените од страна на приватни лица. Законската основа што налага „должно внимание“ на овој начин е цврсто втемелена во повелбите, конвенциите и меѓународната судска пракса од последните четири децении.