Description
отсуство што му се дава на другиот родител за да се грижи за детето
Additional notes and information
Ова родителско право може да се пренесе на друг член на семејството ако ваквиот исклучок е дозволен во домашното право. Најчесто се работи за период по породилното отсуство поради мајчинство на кое, во принцип, само мајката остварува право. Во некои земји, родителско отсуство им следува и на родители - посвоители или на згрижувачи, а во други земји пак отсуството поради посвојување е вид на отсуство поради мајчинство. Родителското отсуство може да се комбинира со работни услови за скратено работно време. Целта е да се олесни усогласувањето на работата, приватниот и семејниот живот, со што се создава важна врска со родовата еднаквост.