Description
обезбедување чесност и правда во распределбата на придобивките и одговорностите меѓу жените и мажите
Additional notes and information
Овој концепт признава дека жените и мажите имаат различни потреби и моќ и дека овие разлики треба да се идентификуваат и третираат на начин со кој ќе се исправат нееднаквостите меѓу половите. Тоа може да подразбере еднаков третман, или третман што е различен, но се смета за еквивалентен во однос на правата, придобивките, обврските и можностите.
Иако често се користат наизменично, еднаквоста и правичноста се два многу различни концепти. Во меѓународните договори за човековите права се зборува за „еднаквост“, но во други сфери често се користи „правичност“. Терминот „родова еднаквост“ понекогаш се користи на начин што ги одржува во живот стереотипите за улогата на жените во општеството, сугерирајќи дека жените треба да се третираат „фер“, во согласност со улогите што ги извршуваат. Со ваквото сфаќање се создава ризик да се одржат и да опстојат нееднаквите родови односи и се зацврстуваат родовите стереотипи што се погубни за жените. Затоа треба внимателно да се користи овој термин за да се внимава зад него да не се маскира одбивност поотворено да се зборува за дискриминацијата и нееднаквоста.