Description

процес преку кој жените се стекнуваат со моќ и контрола над своите сопствени животи и се стекнуваат со способност да прават стратешки избори

Additional notes and information

Јакнењето на жените има пет компоненти: чувството на себевредност на жените; нивното право да имаат избор и да ги определуваат изборите; нивното право на пристап до можности и ресурси; нивното право да имаат моќ да ги контролираат своите животи, како во домот, така и надвор од него; и нивната можност да влијаат на насоката на општествените промени за создавање на поправичен општествен и економски поредок, на домашно и на меѓународно ниво. Во овој контекст, образованието, обуките, подигањето на свесноста, градењето самодоверба, експанзијата на избори, зголемениот пристап до ресурси и контролата над нив, и активностите за да се трансформираат структурите и институциите што ја засилуваат и продолжуваат родовата дискриминација и нееднаквост сите претставуваат важни алатки за јакнење на жените и девојчињата за да ги остварат своите права.