Description

штетна практика што произлегува од традицијата на патрилинеарното наследство што постои во многу општества, во комбинација со потпирањето на момчињата да обезбедат економска поддршка, да обезбедат сигурност во староста и да изведуваат погребни ритуали

Additional notes and information

Дел од збир на општествени норми со кои им се придава поголема вредност на синовите отколку на ќерките. Покрај тоа, поради општиот тренд на намалување на големината на семејството, кој е понекогаш поддржан од строгите политики за ограничување на бројот на децата што смеат родителите да ги имаат, уште е позасилено длабоко вкоренетото претпочитање на машкиот пород. Понекогаш може да се изврши избор на полот уште пред да се воспостави бременоста (пред имплантацијата), потоа за време на бременоста со пренатални тестови за утврдување на полот и селективен абортус, или по раѓањето преку инфантицид или занемарување на детето. Понекогаш избор на полот се врши поради одржување на семејниот баланс, но тоа далеку многу почесто се случува поради систематското претпочитање на момчињата.