Description

жена која, во согласност со домашните закони, нема законска врска преку националност/државјанство со ниедна земја

Additional notes and information

Членот 1 од Конвенцијата поврзана со статусот на лицата без државјанство од 1954 год. посочува дека лицето кое не се смета автоматски за жител (или државјанин) согласно законите на која било држава, се смета за лице брз државјанство. Меѓутоа, освен овој правен статус (без de jure државјанство), многу жени се и без de facto државјанство, бидејќи нивното државјанство им е бескорисно или бидејќи не можат да го докажат или потврдат.

De facto бездржавјанството е особено проблем за жените, како жените жртви на трговија со луѓе, чии документи може да биле конфискувани или украдени, или мигрантките без документи, вклучувајќи ги и барателките на азил, кои може да не се во можност да го докажат своето државјанство и се практично без државјанство.

Законите за државјанство исто така може и директно или индиректно да ги дискриминираат жените и во поголема мера отколку мажите да ги изложат на ризик да останат без државјанство. Бездржавјанството може да настане, на пример, поради недозволување жената да го пренесе своето државјанство, поради губење државјанство поради брак со странец, поради промена на државјанството на сопругот за време на брак, или поради одземање на државјанството како резултат на дискриминаторски практики.

Уписот на раѓање исто така е тесно поврзан со уживањето на правото на државјанство на жената и нејзините деца. Во пракса, индиректната дискриминација, културолошките практики и сиромаштијата честопати прават да биде невозможно мајките, особено оние кои не се во брак, да ги пријават своите деца на еднаква основа како и татковците.

Неможноста да се пријави раѓањето на детето може да му попречи или оневозможи на детето да ужива низа права, вклучително и правото на државјанство, име и идентитет, еднаквост пред законот и признавање на деловна способност, како и проблеми со добивање пристап до дипломатска заштита, пролонгиран притвор во исчекување на доказ за идентитет или државјанство.