Description

процесот преку кој сите релевантни власти се справуваат со ризиците што се идентификувани во проценката на ризикот. Овие активности може да се насочени кон жртвите (пр. планирање на безбедноста), кон сторителите (пр. користење полициски овластувања за да се детектира или прекине кривично-правното поведение) или комбинирано.

Забелешка:
Обемот и видот на преземени активности треба да биде во согласност со процената на ризикот, тие треба да се спроведат во мултиагенциски рамки, и треба да се следи нивната делотворност. Целта на овие активности е да се направи обид да се намали заканата што доаѓа од сторителот и да се заштити жртвата од натамошно насилство и злоставување.