Description

тренд на зголемување на уделот на жени меѓу меѓународните мигрантски работници

Additional notes and information

Феминизацијата на трудовата миграција се јавува во последните неколку децении и тоа поради три главни причини. Прво, побарувачката на труд, особено во поразвиените земји, станува сè повеќе родово селективна во полза на работите што типично ги вршат жените, на пример услугите, здравствената грижа и забавата, особено како резултат на глобалната криза во сферата на грижата. Второ, со промената на родовите односи во некои земји на потекло жените имаат поголема независност да работат и да мигрираат во поголем број отколку порано. Трето, постои пораст во миграцијата на жените за работа во домаќинствата, како и во организираната миграција за брак и трговијата со жени во сексуалната индустрија.