Description

законско или обичајно соединување на две лица пришто барем едното од двете лица е на возраст под 18 години

Additional notes and information

Според Комитетите на ЦЕДАВ и ЦРЦ, детскиот брак се толкува како форма на присилен брак зашто децата, поради својата возраст, вродено немаат способност да дадат целосна, слободна и информирана согласност за бракот или за времето на неговото склучување. Според стандардите за човековите права пропишани во Конвенцијата за правата на детето (ЦРЦ) и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ), детскиот брак е форма на штетна практика. Забраната на бракот за лица под 18 претставува гаранција дека одговорностите што ги носи бракот нема да им се доделат или наметнат на децата пред време и без нивна согласност. За да се почитува капацитетот на децата за развој и автономијата при донесувањето одлуки што влијаат на нивните животи, Комитетите на ЦЕДАВ и ЦРЦ се договорија дека во исклучителни околности може да се дозволи стапување во брак на зрело и способно дете што има наполнето 16 години, под услов таквата одлука да ја донесе судија, врз основа на легитимни и исклучителни основи дефинирани со закон и со докази за зрелоста на детето, без оглед на традицијата и/или културата. Детскиот брак, раниот брак и присилниот брак се сродни, но различни поими. Сепак, се комбинираат на секој можен начин и се користат наизменично без некакви експлицитни дефиниции или барем појаснувања за тоа колку е широка двосмисленоста поврзана со секоја од овие ознаки. Комитетите на ЦЕДАВ и ЦРЦ се договорија да го користат терминот „детски и/или присилен брак“.