Description

форма на насилство врз жените што подразбира тешки повреди на фундаменталните права, особено на правата на жените и на девојките на физички интегритет, физичко и ментално здравје, сексуално и репродуктивно здравје, образование, приватен живот, слобода и автономија. Мажите и момчињата што се жртви на присилни бракови се соочуваат со многу слични повреди на нивните права. Таквите повреди не може да се оправдаат со културата, обичаите, религијата, традицијата, ниту пак со таканаречената „чест“. Определувачка одлика на присилниот брак е немањето согласност на барем една од двете страни што стапуваат во брак. Бракот во кој (барем) едната страна не е слободна да стави крај на бракот или да го напушти својот сопруг или сопруга исто така претставува присилен брак.

Additional notes and information

Присилните бракови може да се средство за избегнување на сиромаштијата, особено по вооружени конфликти; може да заземат форма на бракови за размена или трансакција, сојузи договорени меѓу семејствата за да се загарантираат имотните права или бракови во имиграциски цели, присилување на жртва на силување да се омажи за силувачот, левиратски брак, или сервилен брак (чија цел е експлоатација).