Description

мерка чија цел е да се забрза подобрувањето на положбата на жените во поглед на постигнувањето супстантивна еднаквост со мажите, и да се изврши влијание врз структурните, општествените и културните промени што се потребни за да се поправат поранешните и моменталните форми и влијанија на дискриминацијата врз жените, но и да им се понуди надомест за претрпените нееднаквости и нанесената штета.

Additional notes and information

Поим што се користи во Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените. Со овој поим експлицитно се истакнува „привремениот“ карактер на ваквите посебни мерки, а под „посебни“ се подразбира дека мерките се изготвени за да послужат за посебна цел, а да не се обележуваат жените што доживеале дискриминација како слаби и ранливи, на кои им требаат „посебни“ мерки за да учествуваат или да се натпреваруваат во општеството.
Примената на посебните мерки не подразбира посебно фаворизирање, туку право, следување. Посебните мерки се неопходни за да се обезбедат еднакви можности за учество и натпреварување во разни полиња од општествениот живот во кој може на жените да им се наметне општествен, здравствен и економски товар како резултат на родовите стереотипи и нивната улога во мајчинството.