Description

систематско разгледување на разликите меѓу условите, состојбите и потребите на жените и мажите во сите политики и дејствија

Additional notes and information

Интегрирањето на родовата перспектива или димензија претставува (ре)организација, подобрување, развој и евалуација на процесите на политиките, за да се интегрира перспективата на родовата еднаквост во сите политики, на сите нивоа и во сите фази, од страна на чинителите што најчесто се вклучени во креирањето политики.

Интегрирањето на родовата перспектива претставува процес на проценка на импликациите по жените и мажите на секое планирано дејство, вклучително и на законодавството, политиките и програмите, во секоја област и на секое ниво. Тоа е начин како проблематиките и искуствата на мажите и на жените да станат составна димензија на изработката, спроведувањето, мониторингот и евалуацијата на политиките и програмите во сите политички, економски и општествени сфери за да имаат еднаква корист жените и мажите и за да не се одржува и понатаму нееднаквоста. Крајната цел е да се постигне родова еднаквост.

Интегрирањето на родовата перспектива е комплементарна стратегија и не е замена за насочени политики и програми во чиј центар се жените, за законодавство за родова еднаквост, за институционални механизми за родова еднаквост и за специфични интервенции чија цел е да се затвори родовиот јаз.