Description

Постапувањето со сторителот подразбира низа стратегии чија цел е сторителите да одговараат за своите дела и да се намали насилното однесување. Таквите стратегии подразбираат спроведување на законите и на кривично-правните санкции врз сторителот. Постапувањето со сторителот може да опфати затворање/истрага, упатување на програми за промена на однесувањето или програми за лекување на зависност од алкохол или дроги, како и индиректна работа за да се управува со ризикот, како поинтензивно пробациско работење, полициски надзор, споделување информации меѓу агенциите.