Description

Неконсензуална порнографија (чија најчеста форма е позната како „одмаздничко порно“), која вклучува онлајн дистрибуција на сексуално експлицитни фотографии или видеа без согласност од лицето кое е на сликите. Сторителот честопати е поранешен партнер кој дошол до сликите или видеата во текот на претходната врска, и има за цел јавно да ја посрамоти или понижи жртвата, како одмазда за прекинувањето на врската. Сепак, сторителите не мора да се партнери или поранешни партнери, а мотивот не е секогаш одмазда.

Сликите може да се добиени и преку упад во компјутерот на жртвата, налозите на социјалните медиуми или телефонот, со цел да се нанесе вистинска штета во животот на лицето што е цел на нападот во „вистинскиот свет“ (на пр., со намера да причини некое лице да биде отпуштено од работа, или во некои случаи, за да предизвика самоубиство).