Description
двојна одговорност за одржување на домот и семејството и вршење платена работа
Additional notes and information
Постигнувањето баланс меѓу работата и семејниот живот зазема централно место во принципот и целите за промовирање еднакви можности. Мајчинството и родовата распределба на трудот ова задолжение пред сѐ го ставаат на товар на жените. Оваа состојба е важна детерминанта за родово базираните нееднаквости меѓу половите и нееднаквостите меѓу жените. Конфликтот меѓу овие семејни задолженија и работните побарувања значително придонесуваат кон понеповолната положба на жените на пазарот на трудот и спориот напредок кон еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и мажите во вработувањето.