Description

жени, деца и лица што припаѓаат, или за кои се смета дека припаѓаат на група што е во неповолна положба, или што е маргинализирана

Additional notes and information

Термин што често се користи наизменично со терминот „група во неповолна положба“. Стереотипното предуверување дека „ранливоста“ е вродена одлика на жените го затскрива фактот дека стереотипните родови улоги и ставови и нивното дискриминаторско влијание врз жените, поддржано од недоволното постапување или непостапувањето од страна на државите ефективно да одговорат, наметнува неповолности за жените, што може да доведе до зголемен ризик од ранливост од дискриминација, вклучително и насилство. Затоа не се препорачува терминот „ранлива група“, туку треба да се користи терминот „група во неповолна положба“.