Description

форма на трговија чија цел се жените и девојчињата, и тоа особено, но не и исклучиво оние што се во најнеповолна положба

Additional notes and information

Со жените и девојчињата обично се тргува заради сексуална и економска експлоатација, особено заради проституција и порнографија, присилен труд, вклучително и работа во комерцијалното земјоделство и работа во домаќинството, заради договорени бракови или „продажба“ како невести, регрутирање за учество во воени дејствија и слични цели, како сексуални услуги, превоз и вршење домашни функции во ситуации на конфликт.
Искуствата на жените и девојчињата со трговијата се разликуваат од искуствата на мажите и момчињата. Жените и девојчињата страдаат од диспропорционално поголем товар, додека пак на мажите жртви на трговија тешко им е да најдат пристап до постоечки програми за помош на жртвите. Затоа потребно е вклучување на принципите на родовата еднаквост во формулирањето и спроведувањето на законодавството и програмите чија цел е спречување на трговијата со луѓе.