Description

миграција внатре во земјата, или надвор од нејзините граници, поради склучување брак

Additional notes and information

Тренд што стана почест со глобализацијата, зголемената мобилност и големиот број на трудови мигранти во општествата - домаќини.

Миграцијата поврзана со семејството ги вклучува и миграцијата поради брак на втората и последователните генерации што ги донесуваат партнерите од татковината во земјата-домаќин, меѓународните бракови на државјани и недржавјани како резултат на туризам, образование, деловни и професионални активности, и најпосле и преселбата на цели семејства.

Кај оваа форма на миграција се јавуваат различни видови проблеми, од нееднаков степен на развој внатре во и меѓу државите; преовладување на жени - мигрантки поради брак; економска и социјална мобилност; договорени бракови и сѐ поголемиот број невести што се наоѓаат преку интернет или се нарачуваат преку интернет каталози; имиграциски политики, интеграција и идентитет; и појавувањето на нови државјани во земјите што ги прифаќаат мигрантите.

Мигрантките поради брак се соочуваат со поголем ризик да бидат изложени на специфични форми на родово насилство (психолошко или психичко домашно насилство, присилен брак, експлоатација за работа околу домаќинството итн.), и може да се соочат со ограничен пристап до услуги за заштита и поддршка.