Description

интегрирање на родовата перспектива во сфаќањето и конструкцијата на лицата, феномените, размислувањата, работите, односите, секторите на дејствување, општествените потсистеми и институции

Additional notes and information

Во однос на луѓето, терминот „ороднување“ се однесува на процесите на социјализација според доминантните родови норми. Може да се однесува и на усвојувањето на алтернативен родов идентитет и надминување на сите препознаени модели како да се биде, како да се живее и како да се собори родот (родова флуидност). Современата концептуализација на ороднувањето во сферата на родовиот идентитет на жените историски потекнува од Симон де Бовоар и нејзината позната теза, искажана во делото „Вториот пол“: „Жена не се раѓа, жена се станува.“