Description

алатка за проценка на предложена политика со цел да се детектира и процени нејзиното диференцијално влијание или ефектите врз жените и мажите, за да се исправи таквиот дисбаланс пред да се усвои предложената политика

Additional notes and information

Спроведувањето анализа од родова перспектива помага да се увиди дали одреден предлог подеднакво ги зема предвид и им служи на потребите на жените и мажите. Тоа им овозможува на креаторите на политиките да развијат политики со разбирање за социоекономската реалност на жените и мажите и дозволува развивање на политики што ги земаат предвид сите (родови) разлики. Проценката на влијанието врз родовите може да се примени врз законодавството, плановите и програмите на политиките, буџетите, конкретните активности, предлог закони и извештаи или повици за истражување. Методите за проценката на влијанието врз родовите не мора да се применат врз политиките исклучиво при нивното креирање; може да се применат и врз постојните политики. Може да се користат во администрацијата, но и од страна на надворешни фактори; во обата случаи потребни се значителни познавања од областа на родовите праша. Предноста на овие алатки лежи во фактот дека тие даваат многу прецизна слика за ефектите на одредената политика.