Description

секоја форма на насилство што е насочено против жена бидејќи таа е жена, или што диспропорционално ги засега жените

Additional notes and information

Родово базираното насилство врз жените претставува форма на дискриминација и повреда на нивните темелни слободи и права. Тоа ги подразбира сите чинови на насилство врз жените со кои се нанесува, или постои веројатност дека ќе се нанесе физичка, сексуална, психолошка или економска штета или страдање на жените, вклучително и заканите за таквите дејствија, присила или произволно лишување од слобода, како во јавниот, така и во приватниот живот.
Родово базираното насилство вклучува различни форми на насилство, како насилството во блиски врски, сексуалното насилство (вклучително и силување, полов напад и вознемирување), психолошкото и економското насилство, трговијата со жени, присилната проституција, ропството и различните форми на штетни практики, како детските и/или присилните бракови, осакатувањето на женските гениталии, злосторствата извршени во име на таканаречената „чест“, присилниот абортус, присилната бременост и присилната стерилизација.
Родово базираното насилство врз жените се заснова на хиерархиските и нееднаквите структурни односи на моќ вкоренети во родовите норми поврзани со културата. Тоа воедно открива и доминација во симболичниот и културен поредок и често се манифестира како директно насилство. Со оваа дефиниција се истакнува фактот дека насилството врз жените се базира на родот, има за цел да го направи уште повидлив историскиот дисбаланс во моќта на жените и мажите и се обидува да ги долови опресивните шеми на контрола преку присила со која се лишуваат жените од основните слободи.