Description

родово базирано насилство што се врши преку електронски комуникации и интернет

Additional notes and information

Иако компјутерското насилство може да се изврши и врз жени и врз мажи, жените и девојчињата доживуваат различни и потрауматични форми на компјутерско насилство. Постојат различни форми на компјутерско насилство врз жените и девојчињата, вклучително и, но не и само, демнење преку интернет, неконсензуална порнографија (или одмаздничка порнографија), родово базирани навреди, говор на омраза и вознемирување, срамотење/етикетирање поради наводно неморално однесување (slut-shaming), несакана порнографија, сексторција (сексуална изнуда), закани за силување и закани со смрт, и електронски потпомогната трговија со луѓе. Компјутерското насилство не е посебен феномен од насилството „во реалниот свет“ зашто често ги следи истите обрасци како и насилството што не се врши по електронски пат (т.н. „офлајн“ насилство).