Description

позитивен мерен инструмент чија цел е да се забрза постигнувањето на родово балансирано учество и застапеност преку утврдување одредена пропорција (процент) или број на места или позиции што треба да ги пополнат, или што треба да им се доделат на жени и/или мажи, најчесто под одредени правила или критериуми

Additional notes and information

Квотите може да се применат за да се исправи претходен родов дисбаланс во различни области и на различни нивоа, вклучително и во политичките собранија, позициите на носителите на одлуки во јавниот, политичкиот и економскиот живот (корпорациските одбори), но и за да се обезбеди вклученост на жените и нивно учество во меѓународните тела, или како алатка за промовирање еднаков пристап до можности за обука и до вработувања.
Квотите чија цел е да се зголеми родово балансираното учество може да се наложат преку уставот или преку закон од областа на изборите, родовата еднаквост или трудот (законски утврдени родови квоти), или да се применат на доброволна основа (доброволни квоти во политичките партии). Видовите квоти се разликуваат и од аспект на процесот на селекција и номинација кон кој е насочена квотата.