Description

алатка за следење на родовите разлики, промените што настануваат низ времето и што се врзани за родовите и напредокот кон постигнувањето на целите на родовата еднаквост

Additional notes and information

Општо, индикаторите се статистички податоци со референтна точка (норма или одредница), во однос на кои може да се направи вредносна проценка. Индикаторите имаат нормативна природа, во смисла дека промената настаната во однос на референтната точка може да се протолкува како „добра“ или „лоша“. Кога се работи за родовата статистика, статусот на жените во дадена земја обично се проценува во однос на (во споредба со) ситуацијата на мажите во таа земја. Во некои случаи, како мајчинската смртност или пристапот до антенатални услуги - нормата е состојбата на жените во другите земји. Покрај квантитативните индикатори (засновани на статистички податоци разделени по пол), може да постојат и квалитативни индикатори (засновани на искуствата, ставовите, мислењата и чувствата на жените и мажите). Родово сензитивните индикатори дозволуваат да се измерат промените во односите меѓу жените и мажите во дадена област на политиките, програма или активност, како и промени во статусот или ситуацијата на жените и мажите.