Description

статистика што соодветно ги отсликува разликите и нееднаквостите во положбата на жените и мажите во сите сфери на живеењето

Additional notes and information

Родовата статистика се одликува со збирот од следниве карактеристики: (а) податоците се собираат и се претставуваат разделени по пол како примарна и севкупна класификација; (б) податоците ги одразуваат родовите проблематики - прашањата, проблемите и загриженостите што се поврзани со сите аспекти на животите на жените и мажите, вклучително и нивните специфични потреби, можности и придонеси кон општеството; (в) податоците се засноваат на концепти и дефиниции што соодветно ја одразуваат различноста на жените и мажите и ги доловуваат сите аспекти на нивните животи; и (г) методите за собирање податоци ги земаат предвид стереотипите и социјалните и културните фактори што може да поттикнат родова пристрасност.