Description

процена до кој степен родовата еднаквост делотворно е институционализирана во политиките, програмите, организациските структури и постапки, вклучително и процесите на одлучување, и во соодветните буџети

Additional notes and information

Родовата ревизија разгледува, најчесто на партиципативен начин, дали внатрешните практики и релевантните системи за поддршка за интегрирање на родовата перспектива се делотворни и се поддржуваат, и дали се следат. Таа претставува појдовна основа, ги идентификува клучните недостатоци и предизвици и препорачува како тие да се надминат преку предлози за можни подобрувања и иновации. Во неа се евидентираат и добрите практики за постигнување родова еднаквост. Родовата анализа ги зајакнува колективните капацитети на организацијата да ги преиспита своите активности од родова перспектива и да ги идентификува силните и слабите страни при промовирањето на родовата еднаквост.