Description

студија чија цел е да понуди научно сфаќање на состојбите, улогите и опциите на жените и девојчињата во општествата и културите

Additional notes and information

За феминистичките студии појдовна точка е аргументацијата за опресијата врз жените, која е забележана во сите области и на сите нивоа на јавниот и на приватниот живот, како и свесноста за нивната невидливост во историјата и културата. Феминистичките студии бараат повеќесекторски пристап бидејќи ги покриваат сите области на знаењето и ги комбинираат теоретските и методолошките аспекти во нивното проучување на родово обременетите феномени, и затоа многу често имаат не само академски, туку и политички карактер.