Description

сите процедури што опфаќаат делумно или целосно отстранување на надворешните женски гениталии, или друга повреда на женските полови органи од немедицински причини

Additional notes and information

Терминологијата што се користи за оваа постапка претрпе разни промени. Во почетните години кога за првпат се дискутираше за оваа практика надвор од групите што ја применуваат, најчесто се нарекуваше „обрежување на жените“. Сепак, со овој термин се прави паралела со обрежувањето на мажите и следствено се создава и забуна меѓу овие две различни практики.
Изразот „осакатување на женските гениталии“ почна да добива сè поголема поддршка кон крајот на 1970-ите. Со зборот „осакатување“ се прави јасна лингвистичка дистинкција од обрежувањето на мажите, и се укажува на сериозноста и штетноста на постапката. Со употреба на зборот „осакатување“ се утврдува фактот дека оваа пракса е повреда на правата на девојчињата и жените, и со тоа се помага да се промовира домашно и меѓународно застапување за напуштање на оваа практика.
Во 1990 год., овој термин е усвоен на третата конференција на Меѓуафриканската комисија за традиционални практики што влијаат на здравјето на жените и децата, во Адис Абеба, Етиопија.
На крајот на 1990ите сè повеќе почнуваат да се користат термините „сечење на женските гениталии“ и „осакатување/сечење на женските гениталии“. Овој термин делумно се претпочитал поради незадоволството од негативната асоцијација што се придава на терминот „осакатување“, и некои докази дека зборот ги отуѓувал заедниците што тоа го практикувале и можеби и го попречувал процесот на социјална промена за елиминирање на осакатувањето на женските гениталии.
Извор за белешката: World Health Organization – WHO (2008). Eliminating Female Genital Mutilation: An Interagency Statement – UNAIDS, UNDP, UNECA, UNESCO, UNFPA, UNHCHR, UNHCR, UNICEF, UNIFEM, WHO.