Description

независни институции формирани со домашното право со мандат да ги штитат и промовираат човековите права во државата

Additional notes and information

Таквите институции се клучните елементи во силниот, ефективен национален систем за заштита на човековите права ако се втемелени во домашното право, независни од владата, со широк мандат што ги покрива сите меѓународни стандарди за човекови права, поткрепени со разнолико членство, чија одговорност е да соработуваат со граѓанскиот сектор и со државата, и добро да функционираат.

НИЧП имаат моќ да ги унапредуваат и штитат човековите права.

Унапредувањето на човековите права вклучува и да им се обезбеди на владите и парламентите совет за разни проблематики поврзани со човековите права и да се зголеми свесноста за човековите права.

Моќта на НИЧП да ги штити човековите права подразбира следење на повредите на човековите права и издавање препораки за подобрување на состојбата со човековите права на терен.

Во однос на заштитата, нивниот мандат исто може да ја опфати моќта да примаат, истражат и постапуваат по претставки и да издаваат соодветни препораки, на пример да предлагаат ново законодавство и да предлагаат ревизија на постоечкото законодавство или на нови мерки на политиките.

Широкиот спектар на постојните НИЧП вклучува: комисии, канцелариите на народниот правобранител/народната правобранителка и други институции и центри. НИЧП во некои земји членки на ЕУ, на пример, исто функционираат и како тела за еднаквост во согласност со законодавството на ЕУ.