Description

секундарна виктимизација настанува кога жртвата трпи дополнителна штета, но не како директен резултат на кривичното дело туку поради начинот на кој постапуваат институциите и другите поединци со жртвата. До секундарна виктимизација може да дојде, на пример, преку повторено соочување на жртвата со сторителот, повторено испрашување за истите факти, употребата на несоодветен јазик или бесчувствителни коментари од страна на сите што стапуваат во контакт со жртвата

Additional notes and information

За да се ограничи или избегне ризикот од секундарна виктимизација, на жртвата мора да ѝ се пружат услуги за поддршка и помош, но и општи процедурални и услужни права, вклучително и правото на информации, почит за достоинството на жртвата за време на испрашувањето (воздржување од дејства што може да доведат до секундарна виктимизација на жртвата за време на истрагата), анонимност за одредени жртви, во одредени случаи судења зад затворени врати, засолнување од сторителот за време на сведочењето, полициски службеници што се специјализирани за проблематиките на жртвите и сл.