Description

метод на контрацепција што може да се примени за да се спречи бременост во првите неколку дена по половиот однос

Additional notes and information

Наменета е да се користи по незаштитен полов однос, при сомневање за неефикасност или несоодветна употреба на контрацептивниот метод (неиспиена таблета или скинат кондом), по силување или присилен полов однос. Ургентната контрацепција е делотворна само во првите неколку дена по половиот однос, пред да се ослободи јајце клетката од јајникот и пред да биде оплодена од сперматозоидот. Таблетите за ургентна контрацепција не можат да прекинат постоечка бременост или да му наштетат на ембрионот што е во развој.