Description

секоја форма на физичко, сексуално или психолошко насилство со кое се изложува на ризик безбедноста или добросостојбата на член на семејството, и/или употреба на физичка или емоционална сила, или закана за употреба на физичка сила, вклучително и сексуално насилство, во рамките на семејството или домаќинството

Additional notes and information

Тука се вбројува и злоставувањето на деца, тепањето на сопругата и сексуалното или друг вид злоставување од страна на член на домаќинството. Семејното насилство и домашното насилство често се користат наизменично без конкретни разлики во нивното значење. Сепак, во многу европски земји домашното насилство е преведено на нивниот локален јазик и дефинирано во нивната законска рамка како семејно насилство. Поради овој факт може да се случи заштитата и поддршката за жените жртви на домашно насилство да зависат од дефиницијата на „семејство“, со која може да не се признаваат сите различни форми на семејства.