Description

репродуктивна улога, продуктивна улога и улога за раководење на заедницата

Additional notes and information

Начинот на кој се вреднуваат овие форми влијае на начинот на кој жените и мажите ги утврдуваат приоритетите во планирањето на програмите или проектите. Земањето или неземањето предвид на овие форми може да ги зголеми или ограничи шансите на жените да ги искористат можностите за развој.
Во повеќето општества, жените со ниски приходи ги вршат сите три улоги, додека пак мажите примарно ги вршат продуктивните активности и активностите за политиката во заедницата, што обично носат материјална добивка, статус или моќ. Репродуктивната улога на жените подразбира грижа и одржување на моменталната и идната работна сила во семејството (одговорности околу раѓањето деца и домашните задачи). Продуктивната улога на жените се поврзува со работата што ја вршат жените и мажите за надоместок во готово или во натура (пазарно производство, неформално производство, домашно производство, производство за сопствена егзистенција). Улогата на жените во водењето на заедницата подразбира работа што најмногу се поврзува со грижата и неплатената работа, и снабдувањето со колективните ресурси, како вода, здравствена грижа и сл.