Description

секоја дистинкција, исклученост или рестрикција по основ на пол и род, што влијае на, или има за цел да го попречи или поништи признавањето, уживањето или остварувањето на човековите права и основни слободи на жените во политичката, економската, социјалната, културната, граѓанската или која било друга сфера, независно од нивниот брачен статус, и врз основа на еднаквоста на мажите и жените

Additional notes and information

Може да се јави во форма на вршење дела што доведуваат до, или влијаат на ускратување на остварувањето на одредено право бидејќи не е препознаено дека жените веќе се во неповолна или нееднаква положба на родова основа (ненамерна или индиректна дискриминација), и преку неизвршување на дела.

т.е. непреземање на потребните законодавни мерки за да се обезбеди целосно остварување на правата на жените, неусвојување и неспроведување на националните политики чија цел е постигнување родова еднаквост, и неспроведување на релевантните закони.

Дискриминацијата може да произлезе од закон (de jure дискриминација) или од практиката (de facto дискриминација). Конвенцијата ЦЕДАВ ги признава и обработува обете форми на дискриминација, независно дали се содржани во закони, политики, процедури или во практиката.