Description

постигнување еднаквост во поширока и редистрибутивна смисла, ориентирана кон резултатите и заснована на сознанието дека еднаквоста на можностите и еднаквиот третман може да не се доволни за да се исправи историската опресија врз жените и нивната неповолна положба

Additional notes and information

Во некои случаи, еднаквите можности може да имаат негативно влијание врз добросостојбата на жените, ако жените потрошат време и енергија за да ги искористат, но без резултат. За да се осигури дека развојните интервенции ќе резултираат со еднаквост на исходот за жените и мажите, потребно е да се дизајнирани врз основа на родова анализа. Оттука, „еднаков“ третман не значи „ист“ третман, туку подразбира дека лицата што се наоѓаат во слични ситуации треба слично да се третираат, а лицата што се во различни околности треба и различно да се третираат. Еднаквоста на исходот или резултатите подразбира создавање на поволна социјална средина преку осврнување на идеологијата и културните конструкти што ја создаваат хиерархијата внатре во родовите односи. Позитивните мерки се докажани како потребна мерка за да се гарантира еднаквоста на исходот.