Description

повреда на човековите права и форма на дискриминација врз жените, вклучувајќи ги и сите чинови на родово базирано насилство што доведуваат до, или што може да доведат до физичка, сексуална, психолошка или економска штета или страдање на жените, вклучително и закани за такви дела, присила или произволно лишување од слобода, независно дали во јавниот или во приватниот живот.

Additional notes and information

Формите и манифестациите на насилството врз жените се обликуваат со социјалните и културните норми, но и со динамиката на секој општествен, економски или политички систем. Факторите како расното или етничкото потекло, кастата, класата, статусот на мигрантка или бегалка, возраста, верата, сексуалната ориентација, брачната состојба, попреченоста или ХИВ статусот на жената влијаат на тоа од кои форми на насилство ќе страдаат и како ќе го доживеат.
Општо, дефинициите и описите на насилството врз жените нагласуваат дека овој тип на насилство се заснова на родот; затоа, концептите „насилство врз жените“ и „родово базирано насилство“ често се користат како синоними. Во некои поими се користи изразот „насилство врз жените“ за да се ороднат жртвите. Кај други концепти, како „насилство на мажите врз жените“ се ороднуваат и сторителите и жртвите за да се избегне родовата неутралност.