Description

чин на насилство што се врши непропорционално повеќе врз девојчиња и жени, иако не исклучиво само врз нив, зашто членови на семејството сметаат дека одредено сомнително, реално или претпоставено однесување ќе ги обесчести семејството или заедницата

Additional notes and information

Во таквите однесувања се вбројуваат стапувањето во полови односи пред брак, одбивањето на стапување во договорен брак, стапување во брак без согласност на родителите, вршењето прељуба, барањето развод, облекувањето на начин што се смета за неприфатлив во заедницата, работењето надвор од дома или општо непочитувањето на стереотипните родови улоги.

Злосторствата во име на наканаречената чест може да се извршат врз жени и девојчиња и поради тоа што биле жртви на сексуално насилство, на пример силување.

Во оваа категорија на дела спаѓа и убиството (убиство во име на таканаречената чест) што често го извршува сопругот, некој роднина - маж или жена - или припадник на заедницата на жртвата.

Место да се сметаат за кривични дела врз жените, злосторствата изврешени во името на таканаречената чест често се санкционираат од страна на заедницата како средство за да се одржи и/или поврати интегритетот на нејзините културни, традиционални, обичајни или верски норми по наводното застранување.