Description

секоја жена што ги исполнува критериумите опфатени со важечката дефиниција за поимот „бегалец“ наведена во регионалните или во домашните правни инструменти, под мандатот на Високиот комесар за бегалци на ОН, и/или во домашното законодавство

Additional notes and information

Иако меѓународното и регионалното бегалско право, вклучувајќи го и бегалското право на Европската Унија, не упатуваат експлицитно на „родот“ како основа за протерување, општо прифатено е дека родот може да влијае, или да го наложи типот на протерување или претрпена штета, и причините за ваквиот третман. Дефиницијата на ЕУ за лица за кои се препознава дека имаат потреба од меѓународна заштита (иако не како бегалци туку како лица кои уживаат „супсидијарна заштита“), доколку се толкува правилно, опфаќа и барања поврзани со родот.
Насилството врз жените е една од главните форми на прогонување на која биле изложени жените во контекст на сопствениот статус како бегалка или азилантка. Ваквото насилство може да опфати закана за осакатување на женските гениталии, присилен/ран брак, закана за насилство и/или кривични дела во име на таканаречената чест, трговија со жени, силување и други форми на сексуални напади, сериозни форми на домашно насилство, наметнување смртна казна или други облици на фичичко казнување кои постојат во дискриминирачки правни системи, присилна стерилизација, политички или верски прогон поради феминистички или други ставови, и прогон како последица на непридржување до родово пропишани норми и обичаи. Оттука, постапките за азил кои не ги земаат предвид посебната ситуација или потребите на жените може да се пречка за сеопфатно одредување на нивните барања.