Description

жени на секоја возраст што се ангажираат за промоција и заштита на сите човекови права и темелни слободи, и сите што се ангажираат за одбрана на правата на жените и за родова еднаквост, поединечно или здружено со други. БЧПЖ делуваат под закрила на Декларацијата за правата и обврските на поединците, групите и органите на општеството за промовирање и заштита на универзално признатите човекови права и основни слободи, исто позната и како Декларацијата за бранителите на човековите права од 1999 год.

Additional notes and information

Бранителките на човековите права на жените се соочуваат со истите видови ризици како и сите останати бранители што работат на одржување на правата на луѓето, заедниците и средината, но исто и како жени, изложени се на родово специфични ризици и се цели на напад на родово базираното насилство. Тоа може да се должи на фактот дека за овие бранителки се смета дека се противат на прифатените социокултурни норми, традиции и стереотипи за фемининитетот и улогата и статусот на жените во општеството. За нивната работа често се смета дека ги оспорува традиционалните поимања за семејството.