Description

група на лица што се соочуваат со поголем ризик од сиромаштија, социјална исклученост, дискриминација и насилство отколку поширокото население, како етничките малцинства, мигрантите, лицата со попреченост, изолираните стари лица и децата, меѓу другите

Additional notes and information

Ранливоста на дискриминација и маргинализација претставува последица на социјалните, културните, економските и политичките услови, а не вродена карактеристика на одредени групи на луѓе. Жените и девојчињата што се припаднички на овие групи често се изложени на повеќекратна дискриминација и родово базирано насилство. И покрај тоа, имаат ограничен пристап до заштита, поддршка и надомест кога ќе им се повредат правата. Во поновите истражувања за стереотипните родови улоги и ставови, и нивното дискриминаторско влијание врз жените, се нагласува дека жените не се ранливи по природа, туку дека страдаат од наметната неповолна положба.