Description

разни видови нестандардно, атипично, алтернативно вработување

Additional notes and information

Нередовната и/или прекарната работа често се поврзува со вработувањата со скратено работно време, сезонската или повремената работа, самовработувањето, работата на определено време, привремената работа, работата на повик, работата од дома и агенциската работа. Димензиите на ваквата работа, меѓу другото, подразбираат несигурност на континуитетот на работењето, недоволно контрола врз трудовиот процес, ниски примања и ограничена социјална и регулаторна заштита. Ерозијата на стандардниот работен однос може да ја зголеми прекарноста на вработувањето на жените.