Description

прекинување на бременоста поради спонтано почнување на процесот (спонтан абортус) или намерно прекинување на ненамерна бременост или бременост што претставува закана по животот или здравјето на бремената жена, вклучително и нејзината социјална и ментална добросостојба (индуциран абортус)

Additional notes and information

Условите под кои легално се дозволува абортусот се разликуваат од земја до земја. Во некои земји, пристапот е многу ограничен; во други, пак, прекинувањето на бременоста е дозволено на широки медицински и општествени основи, како кога бременоста е резултат на силување или инцест, кога медицински се дијагностицирани сериозни малформации на фетусот, или по барање - случај во кој се признава слободниот избор на жената по прашања поврзани со репродукцијата.