Description

насилство што е насочено против лице поради родот, родовиот идентитет или родовиот израз на тоа лице, или што диспропорционално влијае на лица од одреден род

Additional notes and information

Може да резултира со психолошка, емоционална или сексуална штета врз жртвата, или да ѝ/му причини економски губиток.
Родово базирано насилство и насилство врз жените се термини што наизменично се користат зашто е широко прифатено дека најголемиот дел од родово базираното насилство е извршено врз жени и девојчиња, од страна на мажи. Сепак, важно е да се укаже на аспектот дека насилството е „родово базирано“ бидејќи така се истакнува и фактот дека многу форми на насилство врз жените се вкоренети во нееднаквоста на моќта на жените и мажите. Термините се користат наизменично во работата на ЕИГЕ, со што се одразува диспропорционалниот број на овие конкретни злодела против жените.