Description

дејствување чија цел е фаворизиран пристап до загарантираните права за припадниците на одредени категории на луѓе, во овој случај жените, во иста мера како припадниците на другите категории, во овој случај мажите.

Additional notes and information

Во некои случаи, причината поради која доаѓа до дискриминацијата е фактот дека е применето одредено правило врз сите, неземајќи ги предвид релевантните разлики. За да се исправи или спречи ваквата ситуација, владите, работодавачите и понудувачите на услуги мора да се погрижат да ги преземат сите потребни чекори за да ги прилагодат своите и практики за да се земат предвид таквите разлики, т.е. мора да направат нешто за да ги прилагодат моменталните политики и мерки.
Концептот на позитивни мерки во меѓународното право најчесто се нарекува „посебни мерки“. Таквите мерки се опишуваат со различни термини на кои може да им се придаде и различно значење и толкување во различни национални контексти и области на примена. Најпознатите термини се: афирмативни дејствија или афирмативни мерки, позитивно дејствување, преференцијален третман, специјални или посебни мерки; специјално/посебно дејствување, обратна дискриминација, и позитивна дискриминација.