Description

тело со мандат да го промовира, анализира, следи и поддржува еднаквиот третман во националниот контекст

Additional notes and information

Овие тела може да се дел од националните агенции што имаат должност да ги бранат човековите права или да ги штитат индивидуалните права. Телата за еднаквост имаат надлежност (а) да понудат независна помош на жртвите на дискриминација при проследувањето на нивните претставки во случај на дискриминација, (б) да вршат независни истражувања во врска со дискриминацијата и да објавуваат независни извештаи, и (в) да издаваат препораки за секое прашање што се однесува на таквата дискриминација. Може да имаат релативно специфичен мандат во однос на дискриминацијата врз основа на пол или род, или поширок мандат за борба против дискриминацијата на повеќе основи, како возраста, попреченоста, полот и родот, расата или етничката припадност, верата или уверувањето, сексуалната ориентација или родовиот идентитет.