Description

практики и однесувања што се темелат на дискриминацијата врз основа на полот, родот, возраста и други основи, како и врз повеќекратни и/или интерсекциски форми на дискриминација што често вклучуваат насилство и предизвикуваат физичка и/или психолошка штета или страдање

Additional notes and information

Штетата што овие практики им ја причинуваат на жртвите ги надминува непосредните телесни и ментални последици и често нејзина цел или резултат е попречување на препознавањето, уживањето и практикувањето на човековите права и основните слободи на жените и децата. Исто така, тоа негативно влијае на нивното достоинство, физички, психосоцијален и морален интегритет и развој, учество, здравје, образовен, економски и социјален статус. За да се сметаат за штетни, практиките треба да ги исполнуваат следните критериуми:
а. да претставуваат порекнување на достоинството и/или интегритетот на поединецот и кршење на човековите права и основни слободи содржани во двете Конвенции;
б. да ги дискриминираат жените и децата и да се штетни бидејќи резултираат со негативни последици за нив како поединци или групи, вклучувајќи физичка, психолошка, економска или социјална штета и/или насилство, и ограничување на нивната способност целосно да учествуваат во општеството и да го развијат и достигнат својот полн потенцијал;
в. да се традиционални практики, практики што се јавуваат за првпат или што се повторуваат, што се пропишани или се одржуваат преку социјалните норми со кои се одржува и продолжува доминацијата на мажите и нееднаквоста на жените и на децата, врз основа на пол, род, возраст и други интерсекциски фактори;
г. да им се наметнуваат на жените и децата од страна на семејството, членови на заедницата, или поширокото општество, без оглед на тоа дали жртвата дава, или може да даде, целосна, слободна и информирана согласност.