Description

центар што нуди специјализирани услуги за жртвите на сексуално насилство, како итна медицинска грижа и поддршка при трауми, во комбинација со форензички испитувања за да се соберат потребните докази за обвинителството, плус долгорочно психолошко советување и терапија, поддршка за жртвите за време на судски постапки, и друга практична помош

Additional notes and information

Стандардите што се наведени во Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство на Советот на Европа бараат таквите центри да се достапни во доволен број и да се лесно достапни, а нивните услуги да се пружаат на најсоодветен начин. Потребно е да достапен барем еден таков центар на секои 200 000 жители.

Кризните центри за жртви на силување може да се јават во многу различни форми и најчесто нудат долгорочна помош. Од друга страна, пак, центрите за упатување жртви на сексуално насилство може да се специјализирани за итна медицинска грижа, висококвалитетни форензички практики и кризни интервенции. Може да се лоцирани и во рамките на самите болници за да се вршат медицински прегледи и да се упатуваат жртвите во специјализираните центри за жени.