Description

непрофитна, доброволна граѓанска група, пред сè независна од владата, организирана на локално, национално или меѓународно ниво, за да обработува прашања со кои се поддржува јавното добро

Additional notes and information

Невладините организации се сметаат за клучни актери од третиот сектор во областите на развојот, човековите права, хуманитарното делување, родовата еднаквост, животната средина и многу други сфери на јавното делување.
Женските НВОи најмногу се познати по две различни, но често меѓусебно поврзани видови активност: испорачувањето услуги за жените на кои што им се потребни, и организирањето на застапување во политиките и јавните кампањи во потрага по општествената трансформација што е потребна за да се постигне родова еднаквост. Невладините организации исто се активни во широка палета на други специјализирани улоги, како градење на паритетна демократија, решавање конфликти, анализа на политики, истражувања, и обезбедување информации. Тие се суштински партнери на владите во потрагата по родовата еднаквост. Невладините организации имаат многу важна улога во постигнувањето на родовата еднаквост, улога што државите мора да ја вреднуваат и да ја охрабруваат, а која се остварува преку претставување на гледиштата на своите членови за прашања важни за родовата еднаквост, преку давање предлози или сугестии, соработка во конкретни проекти, вршење истражувања по суштински прашања или, во контекст на медиумите, зголемување на видливоста и легитимитетот на прашањата за родовата еднаквост.